Mol&B Мултифункционалниот регенеративен крем за лице е корективен мултифункционален крем за лице против стареење кој ѝ дава на кожата интензивна влага, нега и ја храни кожата.
Кремот е богат со антиоксиданси и активни состојки за зацврстување коишто ја коригираат и мазнат кожата додека спиете. Содржи Rovisome Q10, којшто ги спречува знаците на стареење дури и во длабоките слоеви на кожата. Dragosine, кој го стимулира обновувањето на колаген и спречува оштетувања од УВ; шеа путер што хидрира и заздравува плус хијалуронска киселина која помага кожата да си ја одржи сопствената влажност и да ја задржи цврстината и еластичноста. Покрај тоа, содржи хранливо органско масло од семе од шипка, кое изобилува и со антиоксиданси и со масни киселини. Mol&B мулти функционалниот регенеративен крем за лице лесно се апсорбира, кожата е затегната и брчките од мимики се измазнети. Резултатот е мек, добро хидриран, еластичен тен што сјае со нова виталност. Одговара на сите типови кожа.